ИЗЕТ МЕЏИТИ

Изет Меџити е роден на 8 февруари 1977 година во Скопје.

Средно училиште завршил во гимназијата „Зеф Луш Марку“ во Скопје.

Додипломските студии ги има завршено на Универзитетот „Св .Кирил и Методиј“, Економски факултет, насока финансиски менаџмент и сметководство.

Со звање „Магистер на економски науки“ се стекнал во 2018 година со тема „Современи предизвици на локалниот економски развој – студија на случај Општина Чаир“, се стекнал на Универзитетот Св .Кирил и Методиј, Економски факултет, насока финансиски менаџмент и сметководство.

0 ГОДИНИ ВО
ВО ПОЛИТИЧКА СЦЕНА
0 МАНДАТИ
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЧАИР
  • Професионалното искуство го започнува како професор по економски предмети во СУГС „Арсени Јовков“ во периодот 2001-2003 година. Потоа продолжил како економски соработник во Македонска пошта до 2005 година.

    За време и по студиите, Изет Меџити активно учествува во граѓанскиот сектор со младински организации и иницијативи.

    Во 2005 година се кандидира и е избран за градоначалник на општина Чаир, кој успешно ќе го извршува во 3 последователни мандати, кои се карактеризираа со длабоки победи против кандидатите.

    Како градоначалник на Општина Чаир се одликува со тоа што започнал и завршил многу иницијативи во интерес на граѓаните, почнувајќи од оние на општинската инфраструктура, патиштата, осветлувањето, како и со поддршка на многу културни настани во Скопје.

    Од позицијата градоначалник на Општина Чаир е избран и за потпретседател на ЗЕЛС во 2009 година, задача која успешно ја извршува во еден мандат.

    Во 2020 година, Изет Меџити се кандидира за пратеник во изборната единица 1 од каде го добива пратенискиот мандат.

    Од конституирањето на составот на Собранието, Изет Меџити е избран за координатор на пратеничката група на ДУИ, позиција од која поднесува оставка на 8 март 2021 година, од принципиелни причини.

    Во однос на активностите во Собранието, Изет Меџити учествуваше во:
  • Група пратеници на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Собранието на Република Албанија, каде што е претседател,
  • Група пратеници на Република Северна Македонија за соработка со Собранието на Република Косово, каде што е член, и
  • Група пратеници на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Конгресот на САД, каде што е член.

Својата политичка активност ја започнува од формирањето на партијата Демократска унија за интеграција, каде што потоа е избран за прв претседател на младинскиот форум – огранок Центар.

На Конгресот од декември 2009 година, инаку единствениот Конгрес на ДУИ каде што се гласаше за членовите на централното раководство, Изет Меџити беше најмногу изгласан и ја презеде функцијата потпретседател на ДУИ, задача што ја извршуваше до 17 јули 2023 година, кога јавно ја поднесе оставката, при што го најави новиот политички субјект на политичката сцена во РСМ, Демократското движење.

Од 13 август 2023 година, основачкото собрание на Демократското движење го избра за претседател.

Заедно со пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи е дел од пратениците на Демократското движење во Собранието на РСМ.

Имате прашања?

Ви благодариме што одвоивте време да не посетите. Пополнете го формуларот и поставете прашање.

Инфо

Boulevard Goce Delchev br.10, Shkup 1000 Maqedonia e Veriut
Поставете прашање или барање за претседателот

    Lëvizja Demokratike - #Lëviz