Изет Меџити е роден на 8 февруари 1977 година во Скопје.
Средно училиште завршил во гимназијата „Зеф Луш Марку“ во Скопје.
Додипломските студии ги има завршено на Универзитетот „Св .Кирил и Методиј“, Економски факултет, насока финансиски менаџмент и сметководство.
"Нема да ве поздравам со „ да имаме успех “. Овој пат, го заклучувам со потсетување дека денес, сите ние, стоиме на сопствената земја, каде што нашите предци го направиле невозможното во многу потешки услови и околности отколку што сме денес. Во нивно име и во име на нашите деца, денес ве повикувам да се приклучите со доверба и одлучност во нашата борба за иднината, за напредок, благосостојба, да ги зајакнете редовите, да ја вратите самодовербата, да го оживеете воинот во себе, да го отфрлите поразот и да воспоставите победа, да ги надминете кавгите и да најдете помирување, да го ослободите стравот и да го вратите гласот, одлучни, мотивирани, собрани и обединети околу вашето Демократско движење. Чекори! кон победата!“